Северна Македонија не ѝ е непознат терен бидејќи дел од кариерата веќе поминала тука како дел од тимот за односи со јавност во американската амбасада, а зборува и македонски јазик. На сослушувањето во Сенатот на САД, Агелер рече дека ќе работи на национална стратегија преку која ќе се бара одговорност од корумпираните актери во земјава

Анџела Агенер даде заклетва за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија. Заклетвата таа ја даде на церемонија одржува во Стејт департментот. Таа во земјава доаѓа на местото на досегашната амбасадорка Кејт Мери Брнз.
Од американската амбасада во Скопје соопштија дека таа е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше и како привремена в.д. амбасадорка.
Во нејзината кариера претходно работела како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Париз, а работела и во Њу Делхи, Ханој и Вашингтон.
Северна Македонија не ѝ е непознат терен бидејќи дел од кариерата веќе поминала тука како дел од тимот за односи со јавност во американската амбасада. Оттука, во нејзината биографија е запишано дека зборува македонски, а знае и француски и малку хинди.
Номинирањето на Агелер за амбасадорка во земјава од страна на претседателот Џо Бајден беше објавено во мај годинава, а во текот на изминатото лето следуваа нејзино сослушување во Сенатската комисија за надворешни работи и потврда за нејзината нова мисија во Сенатот.
На сослушувањето таа рече дека ќе работи на национална стратегија преку која ќе се бара одговорност од корумпираните актери во Северна Македонија.