На ѕидот спроти британскиот Парламент долг стотици метри, граѓаните цртаат црвени срца во спомен на оние што починаа од ковид-19 во земјата
Активистите за поддршка на семејствата на жртвите од пандемијата од коронавирусот започнаа да цртаат 150 000 срца на ѕидот спроти британскиот Парламент во спомен на оние што починаа од ковид-19 во земјата.
Муралот ќе биде долг стотици метри вдолж јужниот брег на реката Темза пред болницата каде што премиерот Борис Џонсон беше на одделот за интензивна нега минатата година поради ковид-19.

Акцијата беше организирана од групата „Семејства со жртви од ковид, за правда Велика Британија“, која бара јавна истрага за пристапот на владата кон пандемијата.
„Секое срце е насликано со рака и е уникатно, како и најблиските што ги изгубивме“,
вели Мет Фулер, еден од основачите на групата.

Британската влада вети дека ќе подигне споменик за жртвите на коронавирусот кога ќе заврши пандемијата.