Претседателката на Европската комисија посочи дека како што Унијата успеала да донесе големи и важни одлуки со 27 членки, тоа ќе може да го прави и со 30 плус земји членки. Патот, како што вели, нема да биде лесен, но на него веќе има напредок. На овој пат, како што кажа таа, мора да се предвиди секој ризик и да се постави визија за успешно проширување. Пристапувањето е базирано на заслуги и Комисијата, како што потенцира Фон дер Лајен, секогаш ќе го брани овој принцип
„Добрата вест е дека по секое проширување оние што велеа дека тоа ќе нè направи помалку ефикасни беше докажано дека грешат. Земете ги последните неколку години, се договоривме за следната генерација на ЕУ со 27 (земји членки н.з.), се договоривме да купиме вакцини со 27, се договоривме во врска со санкции во рекордно време, исто така со 27, се договоривме да купуваме природен гас не само 27, туку веќе вклучувајќи ги Украина, Молдавија и Србија. Значи, може да се направи тоа. Но, треба да погледнеме одблизу кон секоја политика и да видиме на кој начин може да биде погодена од поголема Унија и затоа Комисијата ќе почне со работа на претпроширувачки прегледи за да се види како секоја област треба да биде адаптирана за поголема Унија“, рече Фон дер Лајен во своето последно обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред Европскиот парламент како шеф на извршната власт на ЕУ имајќи ги предвид европските избори следната година
Само помислете на големото проширување од пред 20 години. Го нарековме Европски ден на отвореност и претставуваше триумф на посветеноста и надежта над товарот од минатото. И во изминатите 20 години видовме успешна економска приказна која ги подобри животите на милиони. Сакам да погледнеме напред кон следниот Европски ден на отвореност и следните успешни економски приказни.

Ова го истакна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен говорејќи за прашањето за проширувањето на Европската Унија во своето годишно обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред Европскиот парламент во Стразбур денеска.
„Почитувани членови (на Европскиот парламент н.з.), го почнав моето обраќање говорејќи за одговорот на Европа на повикот на историјата. Историјата сега нè повикува да работиме на комплетирање на нашата Унија. Не смееме да ги оставиме нашите пријатели Европејци зад нас. Во свет во кој големината и тежината имаат значење, јасно е дека стратегиски интерес на Европа е да ја направи целосна нашата Унија“,
рече Фон дер Лајен.
На овој пат, како што кажа таа, мора да се предвиди секој ризик и да се постави визија за успешно проширување.
Претседателката на ЕК, говорејќи за проширувањето на Унијата, не спомена конкретен датум или година кога тоа би можело да се случи, како што тоа неодамна го направи претседателот на Европскиот совет. Тој во своето обраќање на Старетегискиот форум во Блед, Словенија, рече дека Унијата треба да биде подготвена за прием на нови земји членки до 2030 година.
Меѓу земјите кандидатки е и С Македонија, која лани во јули ги отвори преговорите со Европската Унија, но и понатаму е соочена со предизвикот за уставни измени за вметнување на Бугарите и други народи во Преамбулата, како услов за одржување на втората меѓувладина конференција со која и официјално ќе стартуваат преговорите по кластери и поглавја.
Владеењето на правото и фундаменталните права, посочи претседателката на ЕК, ќе останат темелни вредности за сегашните и идни земји членки.
„Унија комплетирана со преку 500 милиони луѓе кои живеат во слободна, демократска и просперитетна Унија. Унија комплетирана со млади луѓе кои можат да се образуваат и да работата во слобода, Унија комплетирана со вибрантни демократии во кои судствата се независни, опозициите се почитувани и новинарите се почитувани, затоа што владеењето на правото и фундаменталните права секогаш биле и секогаш ќе останат темел на сегашните и идни земји членки на Унијата. И ова е причината поради која Комисијата ги постави извештаите за владеењето на правото како свој клучен приоритет“,
рече Фон дер Лајен.

Таа најави отворање на извештаите за владеењето на правото за оние земји кандидатки кои ќе напредуваат побрзо, кои ќе ги натераат да фатат чекор со земјите членки и ќе ги поддржат во своите реформски напори.
„Сега работиме блиску со земјите членки за да ги идентификуваме прогресот и недостатоците и да дадеме препораки за претстојната година. Верувам дека истото можеме да го направиме за идните земји членки и затоа сум многу среќна што можам да објавам дека ќе ги отвориме извештаите за владеењето на правото за оние земји кандидатки кои ќе напредуваат побрзо. Ова ќе ги постави на исто рамниште со земјите членки и ќе ги поддржи во нивните реформски напори и ќе помогне да се осигури дека нашата иднина е унија на слобода, права и вредности за сите“,
порача претседателката на ЕК во своето обраќање пред Европскиот парламент.
Овде шефицата на ЕК се наврати на големото проширување од пред 20 години, при што посочи дека, како што Унијата успеала да донесе големи и важни одлуки со 27 членки, тоа ќе може да го прави и со 30 плус земји членки. Патот, како што вели, нема да биде лесен, но на него веќе има напредок.
Пристапувањето е базирано на заслуги и Комисијата, како што нагласи Фон дер Лајен, секогаш ќе го брани овој принцип.
„Потребни се тешка работа и лидерство, но веќе има голем напредок. Веќе ги видовме големите чекори што ги направи Украина откако ѝ дадовме статус на кандидат и ја видовме посветеноста на другите земји кандидатки да се реформираат. Така што, почитувани членови, сега е време ние да одговориме на оваа посветеност, а тоа значи да размислиме како да се подготвиме за комплетирана Унија“,
рече претседателката на ЕК.
„Старите бинарни дебати за проширувањето“, порача таа, треба да бидат надминати.
„Ова не е прашање за продлабочување на интеграцијата или за проширување на Унијата, можеме и мораме да ги направиме и двете за да ни даде геополитичка тежина и капацитет да дејствуваме, а оваа Унија тоа секогаш го правела. Секој бран на проширување доаѓаше со политичко продлабочување. Тргнавме од јаглен и челик кон целосна економска интеграција и по падот на железната завеса го претворивме економскиот проект во вистинска Унија на луѓе и држави“,
рече таа.

Говорејќи во тој контекст, претседателката на ЕК го изрази своето уверување дека следното проширување мора и може да биде катализатор на прогресот и дека Унијата ќе може ефикасно да функционира и со 30 плус земји членки.
„Почнавме да градиме здрава Унија со 27 (земји членки) и верувам дека можеме да ја завршиме со 30 плус. Почнавме да градиме европска одбранбена унија со 27, убедена сум дека можеме да ја завршиме на 30 плус. Докажевме дека можеме да бидеме геополитичка Унија и покажавме дека можеме да се движиме брзо кога сме обединети. И верувам дека тимот Европа исто така може да функционира и со 30 плус“,
рече Фон дер Лајен во своето обраќање за „Состојбата на Унијата“.
Шефицата на ЕК рече дека Европскиот парламент секогаш бил еден од главните промотори и поддржувачи на европската интеграција и дека таа ќе продолжи да го поддржува овој дом и сите оние што сакаат да ја реформираат Европската Унија, дури и ако тоа значи промена на европските конвенции и договори доколку е потребно.
Но, не треба, како што рече таа, да се чека овие работи да одат заедно бидејќи Унија може да се подготви за проширување побрзо.
„Тоа значи да ги решаваме практичните прашања за тоа како Унијата со преку 30 земји ќе функционира во пракса и особено за нашиот капацитет да дејствуваме. Добрата вест е дека по секое проширување оние што велеа дека тоа ќе нè направи помалку ефикасни беше докажано дека грешат. Земете ги последните неколку години, се договоривме за следната генерација на ЕУ со 27, се договоривме да купиме вакцини со 27, се договоривме околу санкции во рекордно времиња, исто така 27, се договоривме да купуваме природен гас не само 27, туку веќе вклучувајќи ги Украина, Молдавија и Србија. Значи, може да биде направено. Но, треба да погледнеме одблизу кон секоја политика и да видиме на кој начин може да биде погодена од поголема Унија и затоа Комисијата ќе почне со работа на претпроширувачки прегледи за да се види како секоја област треба да биде адаптирана за поголема Унија. Ќе мора да размислиме како нашите институции ќе функционираат, како парламентот и Комисијата ќе функционираат, ќе мора да дискутираме за иднината на буџетот во смисла на тоа што финансира, како го финансира и како е финансирано и мора да разбереме како да обезбедиме/осигуриме кредибилни безбедносни заложби во свет во кој одвраќањето значи повеќе од кога и да е. Ова се прашања што мора да ги адресираме денес ако сакаме да бидеме подготвени утре и Комисијата ќе ја игра својата улога и затоа ќе ги ставиме нашите идеи на дискусијата на лидерите под белгиското претседателство. Ќе бидеме водени од уверувањето дека комплетирањето на Унијата е најдобрата инвестиција во мир, безбедност и просперитет за целиот континент. Време е Европа уште еднаш да размисли и да ја напише својата судбина“,
рече Фон дер Лајен во своето последно обраќање како шеф на извршната власт на ЕУ имајќи ги предвид европските избори догодина.
Во продолжение можете да го погледнете видеото од целото обраќање на претседателката на ЕК пред Европскиот парламент: