„Ја засилуваме работата, со цел укинување на бариерите на нашиот единствен пазар. Со мојот тим ќе продолжиме да работиме деноноќно за да ги заштитиме европските потрошувачи, работници и бизниси. Заедно, Европејците ќе излезат посилни од оваа криза“, напиша претседателката на Европската комисија на Икс
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за паузирање на т.н. реципрочни царини што ги воведе за повеќето земји.
На социјалната мрежа Икс, таа напиша дека ова е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија, додавајќи дека јасните и предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување.

„Тарифите се даноци што само ги повредуваат бизнисите и потрошувачите. Затоа постојано се залагав за договор за царини нула за нула меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД)“,
вели таа.
Според неа, Европската Унија останува посветена на конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне лесна трговија, која ќе биде и заемно корисна.
„Во исто време, Европа продолжува да се фокусира на диверзификација на своите трговски партнерства, ангажирајќи се со земји што сочинуваат 87 отсто од глобалната трговија и ја споделуваат нашата посветеност за слободна и отворена размена на стоки, услуги и идеи“,
пишува претседателката на ЕК.
I welcome President Trump’s announcement to pause reciprocal tariffs. It’s an important step towards stabilizing the global economy.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) April 10, 2025
Clear, predictable conditions are essential for trade and supply chains to function.
Tariffs are taxes that only hurt businesses and consumers.…
Оваа криза, според неа, јасно покажа дека во време на неизвесност, единствениот пазар е нашето сидро на стабилност и издржливост.
„Ја засилуваме работата, со цел укинување на бариерите на нашиот единствен пазар. Со мојот тим ќе продолжиме да работиме деноноќно за да ги заштитиме европските потрошувачи, работници и бизниси. Заедно, Европејците ќе излезат посилни од оваа криза“,
вели таа.
Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп објави тарифи од 20 отсто за увозот од Европската Унија, како дел од неговиот план да воведе реципрочни царини на многу земји.
Тој вчера одлучи да ги паузира т.н. реципрочни царини кон повеќето земји за 90 дена и да ја „казни“ Кина со дополнителни тарифи од 125 отсто.
Откако Трамп го одложи спроведувањето на дополнителните царини за сите земји освен за Кина, на Волстрит, индексот S&P 500 скокна за 9,5 проценти, што е неговиот најголем дневен скок во последните 17 години.