Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз Газа, додека земјата ги проширува своите воени операции и покрај засилените критики дома и во странство поради разорната речиси двегодишна војна

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Израел треба да го преразгледа својот план за воспоставување контрола врз градот Газа.
„Одлуката на израелската Влада дополнително да ја прошири својата воена операција во Газа треба да биде преразгледана“,
напиша Фон дер Лајен на мрежата Икс.
Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз Газа, додека земјата ги проширува своите воени операции и покрај засилените критики дома и во странство поради разорната речиси двегодишна војна.
Кабинетот на Нетанјаху објави соопштение во кое детално се опишани одобрените планови за окупирање на градот Газа и петте принципи за завршување на војната, за кои се вели дека се усвоени со мнозинство гласови.
Од Организацијата на обединети нации (ООН) соопштија дека силно се спротивставуваат на проширувањето на израелската офанзива во Појасот Газа.
„Категорично сме против каква било ескалација на конфликтот. Тоа е веќе исклучително деструктивно“,
рече Хак.
Според него, конфликтот веќе предизвикал повеќе од 60 000 жртви во речиси двегодишните борби.