Како што изјави портпаролот на Европската комисија, претседателката на ЕК, Фон дер Лајен и шефот за надворешни работи на ЕУ, Борел ќе се сретнат со украинскиот претседател Зеленски пред настанот „Стани за Украина“ кој се ќе се одржи на 9 април во главниот град на Полска – Варшава

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, оваа недела ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Си-ен-ен.
Како што изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, претседателката на ЕК, Фон дер Лајен и шефот за надворешни работи на ЕУ, Борел ќе се сретнат со украинскиот претседател пред настанот „Стани за Украина“ кој се ќе се одржи на 9 април во главниот град на Полска – Варшава.
Минатата недела, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола отпатува во Украина на средба со Зеленски и се обрати на специјалната седница на украинскиот парламент.
Нејзината посета беше поздравена од украинскиот лидер, кој во говорот објавен на социјалните мрежи ја нарече „важен момент“ за земјата.