Таа не присуствуваше на гласањето бидејќи беше во Рим за да учествува на конференција за обнова на Украина
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го преживеа гласањето за недоверба во Европскиот парламент, поднесено од пратеници од крајната десница, што тврдеа дека таа и нејзиниот тим ја поткопале доведбата во ЕУ преку незаконски дејствија.
Само 175 членови на ЕП го поддржаа предлогот, 360 гласаа протов, додека 18 беа воздржани. Со тоа предлогот не доби двотретинско мнозинство, односно најмалку 480 гласови од вкупно 720 пратеници.
Фон дер Лајен не присуствуваше на гласањето бидејќи беше во Рим за да учествува на конференција за обнова на Украина.
Сепак, таа се огласи на социјалната мрежа Икс, каде напиша дека во време кога надворешните сили се обидуваат да дестабилизраат, должност е да се одговори во согласнот со нашите вредности.
In a moment of global volatility and unpredictability, the EU needs strength, vision, and the capacity to act.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 10, 2025
We need everyone to deliver on our common challenges.
Together.
As external forces seek to destabilize and divide us, it is our duty to respond in line with our…
Романскиот пратеник од екстремната десница во Европскиот парламент, Георге Пипереа, како главен спонзор на предлогот, побара гласање поради недостатокот на транспарентност од страна на Фон дер Лајен во врска со аферата „Фајзергејт“ за купување вакцини за време на пандемијата на ковид за повеќе од 20 милијарди евра.
Еден од најгласните меѓу оние кои бараа Фон дер Лајен да биде заменета е и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Последниот предлог за гласање недоврба против претседател на Европската комисија е поднесен во 2014 година против Хан-Клод Јункер.
Европскиот парламент никогаш не изгласал предлог за недоверба против претседател на ЕП, но една таква закана во 1999 година предизвика оставка на целата Комисија, предводена од Жак Сантер.
Но, ЕУ сега се соочува со потурбулентен свет, од војната во Украина, преку климатските промени, до можна трговска војна со Соединетите Американски Држави под водство на Доналд Трамп.
Фон дер Лајен им порача на европратениците да имаат на ум дека силата доаѓа само преку единство.