Украинските преговарачи на разговорите со Русија во Турција денеска изјавија дека бараат меѓународен договор според кој другите земји ќе служат како гаранти за безбедноста на Украина
Русија радикално ќе ја намали на воената активност во Киев и Чернихив. Ова е договорено на денешната рунда преговори меѓу руските и украинските претставници во Истанбул.
Според заменик-министерот за одбрана на Русија, Александар Фомин, ова е со цел да се „зголеми меѓусебната доверба“ и да помогне да се постигне „крајната цел“ – договор меѓу двете страни, објави руската новинска агенција Риа новости.
„Поради фактот што преговорите за договор за неутралност на Украина и ненуклеарен статус и безбедносни гаранции (за Украина) преминуваат во практична фаза, а имајќи ги предвид принципите на кои се разговараше на денешната средба, Министерството за одбрана на Руската Федерација донесе одлука за драстично намалување на борбените операции во областите Киев и Чернихив со цел да се зајакне меѓусебната доверба и да се создадат неопходните услови за понатамошни преговори и за потпишување на споменатиот договор“,
изјави Фомин.

Украинските преговарачи на разговорите со Русија во Турција денеска изјавија дека бараат меѓународен договор според кој другите земји ќе служат како гаранти за безбедноста на Украина.
„Сакаме меѓународен механизам на безбедносни гаранции каде што земјите гаранти ќе дејствуваат на сличен начин како членот пет на НАТО – и уште поцврсто“,
изјави Давид Арахамија, украински преговарач по разговорите со руската делегација шт се одржаа денеска во Истанбул.