Претставници на Шведска и Финска деновиве престојуваат во земјите-членки на НАТО за да лобираат за нивниот прием на наредниот самиот на Алијансата во Шпанија
Турција се противи на нивниот прием и се заканува со вето, главно поради прашањето на курдската организација која ја има поддршка од овие земји, а која Турција ја смета за терористичка организација
Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија.
Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации.
Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот.
Од МВР вчера соопштија дека поради посетата денеска и утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.
Финска и Шведска поднесоа барање за прием во НАТО, откако Русија изврши инвазија врз Украина, стравувајќи за нивната безбедност.
Турција се противи на нивниот прием и се заканува со вето, главно поради прашањето на курдската организација која ја има поддршка од овие земји, а која Турција ја смета за терористичка организација.
Претставници на Шведска и Финска деновиве престојуваат во земјите-членки на НАТО за да лобираат за нивниот прием на наредниот самиот на Алијансата во Шпанија.