Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре

По наредба на Основното јавно обвинителство Прилеп, Управата за финансиска полиција започна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница.
Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре.
Се очекува активностите да вклучат преглед на документација и други мерки кои ќе помогнат да се утврди евентуалната одговорност на лицата поврзани со овие наводи.
Како што објавија некои медиуми, повикувајќи се на неофицијалните информации, истрагата е насочена кон сомневања за злоупотреби при спроведување тендери и други финансиски неправилности во работењето на болницата, а под лупа се над 30 лица.