Минималниот износ за запишување што може да го направат граѓаните, од Финансии велат дека е 10 000 денари, односно со купување на една обврзница

Започна запишувањето на Граѓанските обврзници од третата емисија, информираат од Министерството за финансии од каде велат дека веќе е објавен и Проспектот. Запишувањето може да се направи во сите деловни банки низ земјава.
Граѓаните кои сакаат да инвестираат во оваа државна хартија од вредност и да учествуваат на аукцијата, тоа може да го направат во филијалите на банките.
Рокот за запишување на обврзници е до 10 декември годинава.
Минималниот износ за запишување што може да го направат граѓаните, од Финансии велат дека е 10 000 денари, односно со купување на една обврзница.
Од министерството велат дека проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари.
Рок на доспевање на граѓанската обврзница е две години, а каматната стапка е 4,5 отсто годишно.
Датум на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година.
Како што се наведува во соопштението од Финансии, каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.
