Министерството за правда за овој закон има и состанок со Венецијанска комисија, кој им е доставен на мислење. Според министерот, мислењата од Венецијанската комисија ќе бидат детално разгледани и земени во предвид, иако не се од обврзувачки карактер
Законот за судски совет очекувам да се најде во собраниска процедура до крајот на месецот, информираше на денешниот брифинг со новинарите министерот за правда, Игор Филков, на кој ги презентираше клучните закони од реформската агенда на Владата во областа на владеењето на правото,судската независност како и закони со кои се засилува борбата против корупцијата.

Министерството за правда за овој закон има и состанок со Венецијанска комисија, кој им е доставен на мислење. Според Филков, мислењата од Венецијанската комисија ќе бидат детално разгледани и земени во предвид, иако не се од обврзувачки карактер.
Клучните новини за Законот за судски совет, се засноваат на насоките од Оценската мисија и тоа се уредува постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, се прецизираат условите кои треба да ги исполнат кандидатите за членови, особено на поимот „истакнат правник“, а прави и зајакнување на јавноста и транспарентноста на постапката за избор на не судските членови, како и зајакнување на легитимитетот на процесот на изборот на членови од редот на судиите.
Од ноември минатата година, ова министерство организираше повеќе стручни дебати за Нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет за консултирање на стручната јавност.
Заклучоците и препораките од овие дебати потоа се основа за понатамошно подобрување на текстот и финалноо решение на измените и дополнувањата на Законот за Судски совет.