За пациентот кој е првиот регистриран кај нас со овој сој, министерот за здравство рече дека е во добра здравствена состојба, со лесна клиничка слика и во домашна изолација
Никој од патниците во авионот со кој во земјава од Велка Британија пристигна лицето кај кое е регистриран омикрон сој на коронавирусот нема да оди во карантин, бидејќи се почитувале протоколите, вели министерот за здравство Венко Филипче за Канал 5.
„Тоа се лица кои што носат маски, кои што според барања на одредени авионски компании дури се и КН95 маски, еден сериозен процент на населението е вакциниран, а такви потврди за вакцинација се бараат за влез во земјата“,
вели Филипче.
За пациентот вели дека засега со многу лесна клиничка слика, се наоѓа во домашни услови и е во добра здравствена состојба.
