Филипче, денеска одговарајќи на новинарски прашања во Собранието, ја коментираше и изјавата на Ахмети, во која, како што пренесоа дел од медиумите, рекол дека „ја растурил Југославија“, додавајќи дека тој „не е преставник на мачки, туку на лавови“ и дека никој во Македонија не знае подобро од него како се прави национализам
Барањата што лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги изнесе во своето обраќање на 5. конгрес на партијата што се одржа во саботата, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче денеска ги оцени како обид на Ахмети за негов лично политичко поентирање.

Филипче, денеска одговарајќи на новинарски прашања во Собранието, ја коментираше и изјавата на Ахмети, во која, како што пренесоа дел од медиумите, рекол дека „ја растурил Југославија“, додавајќи дека тој „не е преставник на мачки, туку на лавови“ и дека никој во Македонија не знае подобро од него како се прави национализам.
„Сметам дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање. Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има луѓе од другите етнички заедници и нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто го предлага господинот Ахмети. Гледам кажал дека ја растурил Југославија, ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија, можам да порачам дека нема да победи на овој начин“,
изјави лидерот на СДСМ.
Ахмети во своето обраќање на конгресот на ДУИ предложи три клучни мерки што, како што кажа, гарантираат фер застапеност, функционална еднаквост и социјална кохезија во духот на Охридскиот мировен договор.
Рече дека изборот на Владата треба да се врши со двојно мнозинство во Собранието. Имено, покрај гласовите на мнозинството пратеници (апсолутно мнозинство), за избор на Владата да биде потребно и Бадентерово мнозинство, односно за неа да гласа и мнозинството пратеници од немнозинските заедници.
Бадентеровиот принцип, рече Ахмети, треба да се имплементира и во Уставниот суд, односно законите што се одобруваат со двојно мнозинство во Собранието врз основа на овој принцип да не можат да се поништат во Уставен без двојно мнозинство.
Во овој контекст, претседателот на ДУИ рече дека на државата и е потребен еден нов историски национален договор.
Неговите барања, во интерјуто за „360 степени“ емитувано вчера (22 декември 2025 г.) на МРТ 1, одоговарајќи на прашање ги коментираше и шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, кој кажа оти смета дека Ахмети сè уште живее во фолклорот од времето кога првпат стана дел од владата во 2022 година.
„Поминати се многу години, повеќе од 20 години од времињата во коишто е заглавена неговата свест. Можеби длабоко во себе знае дека сите овие работи за коишто зборува се нерелани, но очигледно се чувствува дека муе стеснет политичкиот простор и нема друга тема на којашто може да дискутира. Јас не верувам дека има во оваа држава млад Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, којшто верива во сите овие работи. Јас знам дека нашите граѓаните очекуваат да обезбедиме подобри услови во делот на стандардот на живеење. А овој политички фолклор е фоклор којшто е од пред 20, па и повеќе од 20 години, но недостатокот на креативност и визија е причината зошто ДУИ е во опозиција, А по оваа реторика којашто доаѓа од господинот Ахмети, тоа што мене ми станува појасно, е дека ДУИ уште подолг период веројатно ќе мора да остане опозиција“,
рече Муцунски.
