Во објавата Филипче вели дека граѓаните му се пожалиле оти се чувствуваат оставени сами, заборавени од „оние што ветуваа дека ќе донесат промени“

ФОТО: Фејсбук-профил на Венко Филипче
Од луѓето слушнав дека тешко се живее, цените растат секој месец, сметките стануваат неподносливи, а платите остануваат исти или едвај се поместуваат, вели лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче.
Филипче, во објава на својот фејсбук-профил, вели дека денеска заедно со потпретседателката Кристина Костова биле во Штип, каде што имал средба со граѓани и со членови на партијата.
Во објавата Филипче вели дека граѓаните му се пожалиле оти се чувствуваат оставени сами, заборавени од „оние што ветуваа дека ќе донесат промени“.
„За неполна година, оваа власт успеа да ја изгуби врската со реалноста. Наместо резултати, гледаме замајување, но и луксузирања на грбот на граѓаните. Наместо политика со грижа, гледаме ароганција и бегање од одговорност“,
вели Филипче.
Тој додава дека СДСМ ќе се обедини и врати на победничките патеки затоа што „оваа Влада не испорача ништо од ветеното“.
„Ќе продолжиме заедно, секој ден, насекаде низ државата, да зборуваме со луѓето, да слушаме, да учиме и да градиме вистинска алтернатива“,
додава Филипче.