Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани – порача лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, во честитката до православните христијани по повод Велигден
Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество. Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани – порача лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, во честитката до православните христијани по повод празникот Велигден.

„Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат. Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом“,
порача Филипче во велигденската честитка.
