Велес не е ново жариште за ширење на коронавирусот, бидејќи сите случаи се поврзни со веќе докажани пациенти, односно дефиниран е кластерот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Го знаеме кластерот, групата, и во таа смисла не е некоја неконтролирана трансмисија и не е потенцијално жариште бидејќи имаме увид . Како што најавив денеска во ЦЈЗ присутни се стручни лица од ИЈЗ и ДСЗИ како поддршка и за дополнителна стручна консултација за подетално да се направи анализа на овие случаи. Разговарав и со директорот во болницата во Велес. Така што целокупната ситуација во Велес е под контрола“,
рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање за зголемувањето на бројот на нови случаи во овој град во последните неколку дена.