Апелира и до меѓународните институциите да реагираат на оваа појава за време на кампањата за локални избори
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на дел од државните институции во текот на изборната кампања за локалните избори.

Според него, злоупотребата на институциите е најизразена во Министерството за внатрешни работи (МВР), чии началници присуствуваат на партиски состаноци во месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од МВР, кои или ги водат состаноците или се присутни на нив. Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите“,
вели тој.
Побара од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да одговори дали лично ги организира овие состаноци и дали стои зад ваквите злоупотреби.
Апелира и до меѓународните институции да реагираат на оваа појава за време на кампањата за локални избори.
„МВР треба да биде професионална институција, независна, што им служи на граѓаните, а не на политичките партии“,
кажа лидерот на СДСМ.