Според него, Македонија сега не може да се пофали со ништо и е заглавена во место, а актуелната влада „ниту има идеја, ниту има желба да направи чекор напред во однос на евроинтеграциите“
Лично преземам целосна одговорност, па дури и по цена на мојата политичка кариера, за да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со Европската Унија и доколку Владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање, изјави за МИА лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во Брисел, каде што денеска учествуваше на конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД).

„Колку повеќе време одминува и колку околните земји напредуваат, толку потешко ќе биде ние да фатиме чекор со нив во следниот период. Социјалдемократскиот сојуз во секој еден момент, во која било форма што Владата ќе ја постигне согласно нивното ветување, коешто сега гледаме дека очигледно ќе биде едно од ветувањата коишто нема да го исполнат, а тоа е да ги подобри нашите позиции во делот на преговарачката позиција со Европската Унија, ние ќе го поддржиме тој план“,
нагласи Филипче.
Тој додаде дека СДСМ секогаш ќе ги поддржува сите процеси што значат развој на земјата и подобар и поквалитетен живот на граѓаните.
„Ние можеме да разговараме за некакви ад хок решенија, меѓутоа сите тие решенија се краткотрајни. Вистинскиот напредок, вистинскиот прогрес, вистинските резултати, тоа што граѓаните сакаат да го видат, се темелат на зајакнување на правосудството, подигнување на стандардот, а со тоа и со сериозна борба со корупцијата во нашата земја, зајакнување на сегменти, како социјалата, образованието и здравството – впрочем тоа се барањата на граѓаните. А тоа може да се направи само исклучиво преку процесот на евроинтеграција“,
истакна Филипче.
Според него, Македонија сега не може да се пофали со ништо и е заглавена во место, а актуелната Влада „ниту има идеја, ниту има желба да направи чекор напред во однос на евроинтеграциите“.
„Јасно е што треба да се направи. Меѓународните договори мора да се почитуваат. Меѓутоа, на слатките зборови на претставниците на Владата тука повеќе никој не им верува. На сите им е јасно дека Македонија не може да оди со оваа Влада. Едноставно се нема никаква желба, ниту идеја, ниту план“, додаде Филипче
додаде лидерот на СДСМ.