Министерот за здравство, Венко Филипче, сподели видео преку кое апелира до граѓаните да бидат искрени со лекарите и да даваат точни информации на епидемиолошките анкети.
Изминатите денови епидемиолозите се соочија со потешкотии при анкетирањето на заболените од ковид-19, бидејќи дел од луѓето не ги споделувале точните информации.
