Само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет, вели министерот за здравство
Министерот за здравство Венко Филипче апелира до граѓаните да се пријават за вакцинација против ковид-19 на vakcinacija.mk, затоа што, како што вели, сега е време да се даде придонес за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот.
„Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет“,
напиша Филипче на Фејсбук.
