Во време, како што додава тој, на глобални безбедносни ризици и воени конфликти, уште појасно се гледа колку оваа одлука била значајна оти денес зад безбедноста на Македонија стои најмоќниот сојуз во светот – НАТО
Пред точно шест години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30. членка на НАТО-алијансата – историски момент, исполнет со национален интерес и голем државен успех, соопшти денеска лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, на својот фејсбук-профил.

„Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа, обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани. Така се работи за татковината кога постојат желба, волја, одговорност и сериозност“,
вели Филипче.
Во време, како што додава тој, на глобални безбедносни ризици и воени конфликти, уште појасно се гледа колку оваа одлука била значајна оти денес зад безбедноста на Македонија стои најмоќниот сојуз во светот – НАТО.
„Сите ние сме особено горди на овој национален и државнички успех“,
пишува тој.
С Македонија се приклучи и стана 30. членка на НАТО-алијансата на 27 март 2020 година.
Определбата за евроатлантско интегрирање на земјата датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои резолуција во која се дефинирани надворешнополитичките приоритети на земјата, а тоа се членство во НАТО и ЕУ.
