Денешната бројка на новодијагностицирани е околу 300, но тоа, како што вели, е очекувано бидејќи секогаш во недела има помалку направени тестови
За време на викендот имаше намалување на бројот на новопримени пациенти во сите болнички установи во Скопје и ширум државата споредено со крајот на минатата недела.
„Верувам дека трендот ќе продолжи, но ние сме се уште внимателни и будно ја следиме ситуацијата“,
соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека денешната бројка на новодијагностицирани е околу 300, но тоа, како што вели, е очекувано бидејќи секогаш во недела има помалку направени тестови. За тоа каков е трендот ќе се чека утрешниот ден.
„Утрешниот ден ќе биде навистина некаков репер дали тој тренд на намалување на новодијагностицирани што беше и траеше во текот на изминатата недела ќе продолжи, нешто што е многу значајно и во однос на тоа како ќе пристапиме во делот на препорака за натамошните превентивни мерки, така и во делот на планирање на болничките капацитети“,
рече Филипче.