Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук апелираше сите оздравени лица од ковид-19 да донираат крвна плазма.
„Голема благодарност до сите оздравени пациенти кои донираа плазма. Апелирам до сите што можат да донираат, да го сторат тоа. На тој начин можете да спасите живот“,
порача Филипче.
Плазма може да даруваат луѓе што го прележале ковид-19 на Институтот за трансфузиона медицина.
