Да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава, повика Филипче
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по повод Денот на Крушевската Република упати честитки до граѓаните.
Тој вели дека мора да се оддаде признание на сите жртви кои со својата крв се вградиле во темелите на нашата модерна држава.
„Тие ја започнаа борбата за да од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја ние сега живееме денеска во модерна и развиена држава. Меѓутоа мора да признаеме дека нашата мирновременска борба не е завршена, дека мораме уште многу напорно да работиме, да конечно станеме дел од Европа каде што припаѓаме, и цивилизациски, и културно, и географски. Сите заедно мора да работиме и да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава“,
вели Филипче.
Со низа свечености и манифестации денеска ќе биде одбележана 122-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република и 81 години од првото заседание на АСНОМ.