Министерот за здравство Венко Филипче смета дека е рано за отворање на студентските домови.
На денешната прес-конференција рече дека допрва ќе се носат посебни протоколи и за следната учебна година.
„Сега се работеше на организирање на сесиите, мислам дека нема потреба од брзање со оглед дека пред нас е летниот одмор. И за тие објекти ќе има протоколи за новата учебна година“,
изјави Филипче.
За одлуката на Министерството за образование да не се отворат домовите, информираше и директорот на Студентскиот центар во Скопје, Дарио Николовски, кој вели дека е донесена поради немањето услови за придржување до мерките за заштита.
Студентите, пак, на социјалните мрежи изразија револт и загриженост и апелираат да се отворат домовите за да можат да се посветат на јунската сесија и да избегнат дополнителни трошоци за патување.
