Сѐ уште е рано за отворање на границите, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Вели дека за ова прашање ќе се разговара во текот на оваа недела и посочи дека ќе мора да се земат предвид бројките за текот на пандемијата.
„Сметам дека не треба да избрзаме со одлука да во ситуација кога имаме зголемен број на дијагностицирани пациенти, и покрај тоа што се под контрола кластерите, мислам дека сепак соседите ќе ја гледаат бројката и нема да биде коректно кон нив. Јас разговарав изутрината со бугарскиот министер и му кажав дека ќе дискутираме во овие следни денови и ние повторно ќе се слушнеме до крајот на неделава“,
рече Филипче
