Вчера, на 31 Конгрес на СДСМ, партискиот лидер Венко Филипче во воведното обраќање пред делегатите, дел од говорот го посвети на власта, која ја обвини за дипломатска изолација и грабеж од епски размери
СДСМ и Венко Филипче се синоним за национални предавства, коленичење и сервис на други центри на моќ, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по говорот на Филипче на вчерашниот партиски Кoнгрес од каде упати серија критики за власта и ја обвини за дипломатска изолација на земјава.
„Филипче нема право да обвинува никој и ништо, меѓутоа требал пред Конгресот, пред своето членство, најпрво да објасни за сите национални предавства, почнувајќи од она сервисно однесување према Грција, потоа штетниот договор со Бугарија, потоа оној наметнат француски предлог и сите оние предавства што ги правеше владата на СДСМ. Уште повеќе требаше да објасни зошто СДСМ додека беше на власт стана чирак и подизведувач на ДУИ и на крајот на краиштата Венко Филипче пред своето членство требало да објасни зошто СДСМ стана петта партија во Скопје и трета партија во Република Македонија“,
кажа Петрушевски во одговор на новинарско прашање за говорот на Филипче.
За обвинувањата на Филипче дека задолжувањето на ВМРО-ДПМНЕ е тешко финансиско злосторство врз иднината на децата, Петрушевски одговара:
Ако ги погледнеме бројките, СДСМ за 7 години не задолжи онолку колку што не задолжија сите влади претходно. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ се задолжува за реални проекти кои може да ги видат граѓаните, како училишта, градински,а втопати, патишта, за разлика од претходно, кога СДСМ енормно не задолжуваше за да може да крадат лицата како Артан Груби, Васко Ковачевски и други носители на јавни функции.
Вчера, на 31 Конгрес на СДСМ, партискиот лидер Венко Филипче во воведното обраќање пред делегатите, дел од говоротот посвети и на власта која ја обвини дека во последните две години донела брутално отрезнување, дека ветиле гордост, а го донеле народот до питачки стап, дека ветиле реформи, а направиле грабеж од епски размери.
„Европа нè отпиша, а Америка не нè запишува. Наместо во периметарот на САД, со Мицкоски завршивме надвор од кружницата наречена Европа. Вакво дипломатско лудило и конфузија не се оправдува. Ова е предавство на националните интереси… Задолжувањето што го прави владата на ВМРО-ДПМНЕ не е грешка, тоа е финансиско злосторство врз иднината на нашите деца“,
рече Филипче во своето обраќање.
