„Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш заемен напредок и благосостојба“, пишува Филипче
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче, упати честитка до Доналд Трамп за победата на изборите во САД.
Филипче во честитката објавена на својот фејсбук-профил, вели оти е убеден дека ќе се продолжи стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија.
„Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба“,
напиша Филипче.
Претходно честитка до Трамп упати и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека победата е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.
Во честитката тој вели дека со нетрпение очекува натамошно продлабочување на цврстото партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.