По обиколката на капитални проекти во Делчево, реализирани со одобрени средства во периодот на владата на СДСМ, Филипче обвини дека актуелната власт прави политичка сегрегација врз основа на тоа кој градоначалник од која партија е, што, како што рече, резултира со нула капитални проекти во Делчево
Делчево е целосно заборавено и маргинализирано од актуелната влада – изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој попладнево е во посета на градот.

По обиколката на капитални проекти во Делчево, реализирани со одобрени средства во периодот на владата на СДСМ, Филипче обвини дека актуелната власт прави политичка сегрегација врз основа на тоа кој градоначалник од која партија е, што, како што рече, резултира со нула капитални проекти во Делчево.
„За жал, денеска Делчево не само што нема капитални проекти туку истото е целосно заборавено, а тоа најмногу се одразува на граѓаните и тоа само затоа што градоначалникот не е од истата партија. Еве сега гледаме што значи да се нема поддршка од влада. Од оваа актуелна влада практично Делчево е заборавено и целосно е маргинализирано. Жалам што прават таква политичка сегрегација врз основа на тоа кој е градоначалник од која партија е, тоа граѓаните навистина не го заслужуваат“,
рече претседателот на СДСМ за време на посетата на Делчево.
Филипче и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој е редовите на СДСМ, претходно направија обиколка на капиталните проекти во градот поддржани од претходната влада – салата АСНОМ, пречистителната станица, новиот пазар и новата градинка со капацитет за околу 150 деца.
„Станува збор за проекти коишто беа навистина потребни и коишто сериозно го олеснуваат животот на граѓаните во Делчево. Прво обновата на салата АСНОМ којашто се користи за многу манифестации, понатаму мостот којшто исто така на го олеснува движењето низ градот, изградба на новата градинка во која ќе се сместат повеќе од 100 деца, а затоа има огромна потреба во градот, пазарот којшто е целосно обновен и секако новата пречистителна станица со швајцарскиот проект и дополнително средства од владата наменети пред неколку години“,
рече Филипче.
Оцени дека ваквите проекти се вложување во подобар живот за сите граѓани.