„Благодарение на тие политики сме дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот. Колку е тоа важно, гледаме сега, посебно во овие кризни времиња кога во повеќе места во светот има војни“, истакна Филипче
Членството во НАТО е резултат на стратешките, визионерските и државнички политики на Социјалдемократскиот сојуз изминатите повеќе децении, изјави денеска на прес-конференција во Собранието, претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава.

„Имавме прилика да го слушнеме неговото обраќање во Собранието. Би рекол дека членството во НАТО е резултат на стратешките, визионерските, државнички политики на Социјалдемократскиот сојуз изминатите повеќе децении. Тој пат не беше лесен, меѓутоа сега конечно ние може да се чувствуваме безбедни, нашите граници загарантирани. Поради тоа што, благодарение на тие политики, сме дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот. Колку е тоа важно, гледаме сега, посебно во овие кризни времиња кога во повеќе места во светот има војни“,
истакна тој.
Филипче рече дека Руте во своето обраќање упатил јасни пораки до Владата.
„Пораката кон Владата сметам дека е јасна. Повеќе оваа влада ништо не може да сокрие, а тоа е дека имаме еден вицепремиер којшто негува отворени врски со Русија, а тоа е вицепремиерот Стоилковиќ. Вториот човек во Владата се среќава со Ноќните волци коишто се во директна комуникација со рускиот претседател Путин, агресорот во Украина. Дополнително, тука се и кинеските пари што пристигнаа преку заемот од Унгарија од една милијарда евра – средства за кои во извештаите на европските институции беше констатирано дека станува збор за кинеско финансирање. Ова е сериозен сигнал дека нашиот одбранбен чадор, раководството на Алијансата, знае точно какви политики води нашата влада и укажува на тоа, јасно и отворено во нашиот парламент“,
нагласи, меѓу другото, Филипче.
.
