Марк Цукерберг веќе не е третиот најбогат човек на светот (по Гејтс и Безос). Поради падот на вредноста на ациите на Фејсбук, тој загуби 7,2 милијарди долари.
Се почна кога Фејсбук одби да ја цензурира или да ја намали видливоста на објавата на американскиот претседател Трамп, поврзана со претстојните избори и протестите поврзани со расната нетрпеливост во САД.
Иако Цукерберг се бранеше дека не сака да ја ограничува слободата на говор, фактот дека со неговиот став не се согласија ниту вработените во компанијата, а ниту бројни корисница на Фејсбук, се одрази врз приходите од реклами.
Дел од најголемите огласувачи, како Унилевер, Верајзон па дури и Кока Кола ги прекинаа своите рекламни кампањи на Фејсбук, објаснувајќи дека оваа мрежа не успеала ефикасно да го запре говорот на омраза и ширењето лажни вести.
Цукерберг на се погласните критики и потезите на огласувачите одговори на својот профил на Фејсбук.
Тој нагласи дека оваа социјална мрежа ќе ги означува сите објави поврзани со изборите со посебен линк кој корисниците ќе ги води кон страница за информации за изборите во САД.
Исто така, Цукерберг најави дека ќе ја прошри дефиницијата за говор на омраза и ќе прецизира што ќе биде санционирано, но и ќе ги забрани сите огласи во кои некоја демографска група се означува како опасна.