Ако ги немате фактите, не можете да ја имате вистината, не можете да ја имате довербата. Ако немате ништо од тоа, немате демократија, вели филипинската новинарка
Добитничката на Нобеловата награда за мир, филипинската новинарка Марија Реса, го критикуваше Фејсбук како закана за демократијата, велејќи дека гигантот на социјалните медиуми не успеа да заштити од ширење омраза и дезинформации и е пристрасен кон фактите, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.
Уредничката на филипинскиот портал „Раплер“, во интервју за Ројтерс, по освојувањето на наградата, рече дека алгоритмите на Фејсбук даваат предност на ширење лаги, полни со гнев и омраза над фактите.
„Фејсбук стана најголемиот дистрибутер на вести во светот, а сепак пристрасен кон фактите, пристрасен кон новинарството. Ако ги немате фактите, не можете да ја имате вистината, не можете да ја имате довербата. Ако немате ништо од тоа, немате демократија. Покрај тоа, ако ги немате фактите, немате заедничка реалност, така што не можете да ги решите егзистенцијалните проблеми, како климата и коронавирусот “,
вели Реса, која ја дели Нобеловата награда за мир со рускиот новинар Дмитриј Муратов.
Тие ја добија наградата за разоткривање на корупцијата и лошото владеење на Филипините и во Русија, соопшти Норвешкиот комитет, во знак на оддршка на слободата на говорот, која е загрозена низ целиот свет.
Реса беше цел на интензивни кампањи на социјалните медиуми што против неа ги водеа поддржувачи на филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, а чија цел беше да го нејзиниот и кредибилитетот на „Раплер“.
„Овие онлајн напади на социјалните мрежи имаат цел, тие се смислени и користени како оружје“,
рече поранешната новинарка на Си-ен-ен.
