Американската администрација за храна и лекови (ФДА) одобри засилувачка доза од вакцините на производителите од „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“ и нагласи дека како дополнителна доза може да се прими вакцина што се разликува од онаа што претходно е примена.
Одлуката го отвора патот за милиони луѓе во САД да добијат дополнителна заштита од делта-сојот на ковид-19.
Федералниот регулатор објави стратегија за комбинирање на вакцини денеска, во момент кога официјално ги одобри засилувачките за вакцините од компаниите „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“. Пред околу еден месец ФДА одобри засилувачка доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“.
Одлуката да се дозволат дополнителни дози на вакцини „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“ следуваше по студија објавена минатата недела од Националниот институт за здравство.