Американскиот имунолог и медицински советник на претседателот Џозеф Бајден, Ентони Фаучи вели дека во САД ќе биде препорачана трета доза на вакцина против ковид-19 за луѓето со слаб имунитет.
Препораката ќе се однесува на веќе вакцинирани лица со ослабен имунолошки систем поради трансплантација на органи, рак или други болести.
Одобрување за третата доза ќе даде Федералната администрација за лекови, изјави тој за Ен-би-си.
Фаучи вели дека одлуката за трета доза за другите вакцинирани ќе биде донесена откако ќе се испита колку долго трае имунитетот. Тој смета дека засега нема потреба од дополнителни дози за луѓе кои немаат ослабен имунолошки систем.