Тој изјави дека администрацијата на Бајден размислува за укинување на ограничувањата за патување за патниците од неколку африкански земји
Д-р Ентони Фаучи, инфектолог и главен советник на американскиот претседател за пандемијата, вели дека првите индикации се дека сојот омикрон е помалку опасен од делта, иако брзо се шири низ целата земја.
Тој за Си-ен-ен изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат конечен заклучок за сериозноста на видот омикрон.
Извештаите од Јужна Африка, каде што вирусот се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена.
„Засега, се чини дека нема потреба од поголема загриженост, но навистина треба да бидеме внимателни пред да заклучиме дека омикрон е помалку сериозен и не предизвикува тешка клиничка слика, во споредба со делта-сојот“,
рече Фаучи.
Тој изјави дека администрацијата на Бајден размислува за укинување на ограничувањата за патување за патниците од неколку африкански земји.