Проверката на Интернет покажува дека нема официјална веб-страница или друга реклама на јазичното училиште ’Julia Co.LTD’, како што тврди Христовски. Пронајдена е само фејсбук-страница на консултантска куќа со слично име, која се занимава со посредување при работа во странство, подготовка на документи, преводи и легализација, пишува „Фактор.бг“
Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, ја презел функцијата со фиктивна диплома за англиски јазик од Пловдив, пишува бугарски „Фактор“. Во написот, како што се наведува, на посочените адреси во Пловдив нема такво јазично училиште. Порано таму била сместена компанијата „Julia Co.LTD“, но сега канцеларијата е затворена и работат онлајн.
Во телефонски разговор, лицето кое одговорило на бројот објавен во брошурата посочило дека компанијата не издава сертификати за ТОЕФЛ и не врши обука за добивање на таков сертификат, пишува „Фактор.бг“.
„Проверката на Интернет покажува дека нема официјална веб-страница или друга реклама на јазичното училиште ’Julia Co.LTD’, како што тврди Христовски. Пронајдена е само фејсбук-страница на консултантска куќа со слично име, која се занимава со посредување при работа во странство, подготовка на документи, преводи и легализација. Сепак, во огласениот флаер на компанијата никаде не се споменува дека обезбедува обука и курсеви за странски јазици, како и подготовка или спроведување на тестови за ТОЕФЛ“,
пишува „Фактор.бг“.
Во написот на „Фактор“, се повикуваат и на изјавата на Христовски од интервјуто за „360 степени“, каде што тој посочува дека полагал ТОЕФЛ во Пловдив 2022 година, оти таму имало термин и било најбрзиот начин како да дојде до таа диплома.
Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, на прашање зошто се стекнал со сертификат за познавање на англиски јазик во Пловдив, каде според тврдењата на опозициската СДСМ не постои центар за полагање ТОЕФЛ-тест, а не во Скопје, Христовски вели дека е спремен јавно да покаже документ кој е издаден во 2019 година, како регулатива од претходната власт, за административно тестирање на вработени во државната администрација кој точно покажува кој вид на тест од трите светски јазици кои се говорат и се потребни во државата, за кој вели дека го положил во 2022 година оти бил најбрз начин како да дојде до таа диплома, велејќи дека во Пловдив имало отворен термин за полагање.