Научниците од оваа компанијата потенцираат дека дали ова ќе се случи како што тие прогнозираат ќе зависи и од еволуцијата на болеста, ефикасното користење на вакцини, забрзувањето на имунизацијата во регионите со ниска стапка на вакцинација, но и од појавата на нови варијанти од вирусот
Научниците од компанијата „Фајзер“ прогнозираат дека пандемијата со ковид-19 нема да биде зад нас до 2024 година. До оваа
Главниот научен директор на компанијата, Михаел Долстен, пред инвеститорите вчера посочил дека очекувањата се оти некои региони во светот ќе продолжат да бележат пандемични нивоа на зараза со ковид-19 во наредните една или две години. Некои земји, пак, според предвидувањата на компанијата, ќе станат региони во кои ќе има ендемични појави на вирусот, а болеста се очекува да стане ендемична (ретка) низ целиот свет до 2024 година.
„Кога и како точно ќе се случи ова ќе зависи од еволуцијата на болеста, од тоа колку општеството ефикасно ќе ги користи вакцините и третманите против ковид, како и од нивната дистрибуција во регионите со ниска стапка на вакцината“,
вели Долстен кој додава и дека појавата на нови варијанти на вирусот може да влијае на тоа како пандемијата ќе продолжи понатаму.
Прогнозата од „Фајзер“ доаѓа еден месец по појавата на омикрон сојот, кој има повеќе од 50 мутации во споредба со „оригиналната“ верзија. Тоа ја намали ефикасноста на двете дози вакцина против ковид, а првичните анализи покажуваат дека е потребна и трета т.н. „бустер“ доза.
„Фајзер“ својата вакцина ја разви со германскиот партнер „Бионтек“. Очекувањата кои ги презентираше компанијата пред инвеститорите е дека следната година ќе произведат четири милијарди дози, а приходите ќе бидат 31 милијарда долари.
Компанијата разви и експериментална пилула против ковид за која клиничките испитувања покажаа дека ги намалува хоспитализацијата и смртните исходи кај лицата со висок ризик за речиси 90 отсто. Приходите кои ги очекува „Фајзер“ од овој лек за 2022 е дека ќе бидат од 15 до 25 милијарди долари.