Основачот и директор на лабораторијата „Бионтек“, Угур Сахин, уверува дека вакцината развиена со американската компанија „Фајзер“ е ефикасна и против индиската варијанта на коронавирусот. Тој нагласи дека ја тестирале вакцината на повеќе од 30 мутации на вирусот и секогаш е добиен барем доволен имунолошки одговор.
„Иако тестирањето е во тек, индиската мутација веќе ја проучувавме и нашата вакцина дејствува против неа“,
истакна Сахин на онлајн прес-конференција.
Варијантата В.1.617, која прво се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји. Според податоците на Светската здравствена организација, меѓу земјите во кои е потврдено присуството на оваа мутација на вирусот се и Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија.