Растот на потрошувачките цени, исто така, нагло забрза во еврозоната, од 4,9 отсто, исто достигнувајќи го највисокото ниво откако се собираат податоците
Годишната стапка на инфлација во ЕУ и во еврозоната во ноември повторно нагло порасна, достигнувајќи рекордни нивоа, поддржана од растот на цените на енергенсите, покажа извештајот на Евростат.
Годишната стапка на инфлација во ЕУ, мерена преку хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, скокна на рекордни 5,2 отсто во ноември, од 4,4 отсто во октомври, објави Европската статистичка служба.
Растот на потрошувачките цени, исто така, нагло забрза во еврозоната, од 4,9 отсто, исто достигнувајќи го највисокото ниво откако се собираат податоците, ја потврди Евростат проценката од крајот на ноември.
„Во октомври цените пораснале за 4,1 отсто. Во ноември минатата година цените во ЕУ пораснаа за 0,2 отсто, додека во еврозоната паднаа за 0,3 отсто. Рекордната стапка на инфлација во голема мера го одразува скокот на цените на енергенсите, за дури 27,5 отсто во еврозоната“,
покажуваат податоците на Европскиот завод за статистика.
Годишната инфлација забележа раст во 26 земји-членки, а само во Чешка остана стабилна на 4,8 отсто. Убедливо највисока годишна стапка на инфлација повторно имаше во Литванија во ноември, достигнувајќи 9,3 отсто. Најблиску до неа повторно беа Естонија и Унгарија, каде цените пораснаа за 8,6, односно 7,5 отсто. Најмал пораст на цените минатиот месец има во Малта со 2,4 отсто и во Португалија од 2,6 отсто, а потоа во Франција, со стапка на инфлација од 3,4 отсто. Во Германија, најголемата европска економија, цените пораснаа за шест отсто.