Макрон најави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите, додека Шолц ја предупреди Русија да не употребува хемиско оружје во Украина
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија.
„Овие санкции имаат влијание и можат да се почувствуваат, а ние мора да продолжиме со нив бидејќи имаат застрашувачки ефект“,
истакна Макрон, на прес-конференција по Самитот на лидерите на НАТО и на Г-7 во Брисел.
Тој предупреди и на претстојната криза со храната, бидејќи и Украина и Русија се големи извозници на основни прехранбени производи, а нивното производство е во голема мера загрозено поради војната.

FOTO: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET
Германскиот канцелар Олаф Шолц, пак, во изјава по Самитот на НАТО во Брисел ја предупреди Русија да не употребува хемиско оружје во Украина.
„Ако Русија подготвува операција, оправдувајќи ја со лажни причини, со цел да користи хемиско и биолошко оружје во Украина, тоа би било кршење на сите правила, договори и конвенции. Нашата грижа не е само да укажеме на ова, туку да дадеме јасно предупредување во разговорите што ги водиме: не го правете тоа“,
рече Шолц.