„На кое дереџе спадна два дена пред поразот, покажуваат повиците за помош од Левица и ЗНАМ на Димитриевски. Тој дури бара спас и помош од албанската опозиција за, како што рече вчера Мицкоски, да ги урива ’Европскиот фронт’ и ДУИ“, пишува во соопштението од „Европски фронт“

Христијан Мицкоски, сакал или не, ДУИ и „Европскиот фронт“ ќе бидат гаранти на европскиот пат на Северна Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ и другите соработници на Москва, по 8 мај, ќе бидат само опозициски гледачи на членството на Македонија во Европската Унија, се вели во денешното соопштение од „Европски фронт“.
Од „Европски фронт“ додаваат дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ никако да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од коалицијата.
„На кое дереџе спадна два дена пред поразот, покажуваат повиците за помош од Левица и ЗНАМ на Димитриевски. Тој дури бара спас и помош од албанската опозиција за, како што рече вчера Мицкоски, да ги урива ’Европскиот фронт’ и ДУИ“,
пишува во соопштението од „Европски фронт“.
Сепак, додаваат оттаму, иако измислува различни причини, јавноста знае дека вистинската борба на Мицкоски се рамноправните позиции на Албанците и другите етникуми во Северна Македонија.
„Тоа веќе е само една прочитана книга, кој не може да ги сокрие антиалбанството и антизападните политики“,
се додава во соопштението.
Оттаму велат дека уставните измени ќе се случат по парламентарните избори на 8 мај, а додаваат дека ДУИ и „Европскиот фронт“ ги имаат поставено темелите од 2001 година, со Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и членството во НАТО.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на вчерашниот митинг во Сарај рече дека кога зборувал отворено за криминалот на првенците на ДУИ, тие го обвинувале дека е антиалбанец.
„Кога неговиот голобрад внук (на Ахмети) за неколку десетици милиони евра одлучи да купува трговски центар во центарот на Скопје, кога семејството на неговиот најблизок соработник Артан Груби одлучи да купува имоти низ градовите во Македонија за десетици милиони евра и кога го поставував прашањето од каде пари за сето тоа, тогаш ме обвинија дека сум антиалбанец. Мене тоа дополнително ме мотивира да продолжам да се борам против криминалците во политиката без разлика дали се Албанци, Македонци, Бошњаци, Турци, Роми, Власи или Срби“,
рече Мицкоски.