Судирот настанува поради драстичното отстапување од трговскиот договор меѓу Брисел и Вашингтон постигнат во јули минатата година бидејќи тој документ предвидуваше американски царини од 15 отсто за повеќето стоки од Европската Унија, вклучувајќи фармацевтски производи, полупроводници и автомобилски делови
Брисел бара од Вашингтон да биде целосно јасен во врска со новите мерки што планира да ги спроведе по пресудата на Врховниот суд на САД со која беа укинати царините кои беа наметнати од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Незадоволен од судската одлука, Трамп првично најави глобални царини од 10 отсто за сите увезени стоки, за потоа да ја зголеми на 15 отсто.
Проблемот за Европа е тоа што оваа нова царина би се пресметувала дополнително, односно врз веќе постоечките царини. Во официјалното соопштение на Европската комисија се оценува дека ваквиот потег директно ја загрозува економската соработка.
„Сегашната ситуација не е погодна за воспоставување фер, избалансирана и меѓусебно корисна трансатлантска трговија и инвестиции, како што е договорено од двете страни“,
велат од Европската комисија.
Судирот настанува поради драстичното отстапување од трговскиот договор меѓу Брисел и Вашингтон постигнат во јули минатата година бидејќи тој документ предвидуваше американски царини од 15 отсто за повеќето стоки од Европската Унија, вклучувајќи фармацевтски производи, полупроводници и автомобилски делови. Во јулскиот договор оваа стапка од 15 отсто претставуваше максимален праг и не беше дополнителна на веќе постојните царини, нешто што целосно се менува со новата одлука на американскиот претседател.
Макрон рече оти внимателно ќе ја анализираат ситуацијата и додаде дека „најфер можните правила вклучуваат реципроцитет, а не толерирање еднострани одлуки“.
