Ова следува откако судот на ЕУ во декември пресуди дека Унгарија не го почитувала правото на ЕУ со тоа што им забранувала на луѓето да влезат во земјата без дозвола да аплицираат за азил

Европската комисија денеска соопшти дека ќе побара казна за Унгарија пред Судот на правдата на ЕУ бидејќи не ги изменила процедурите за азил согласно судската пресуда и препорача долгорочни финансиски казни сè додека Будимпешта не ја испочитува одлуката.
ЕК во соопштението наведе дека Унгарија досега не разгледала неколку аспекти на пресудата.
„Конкретно, Унгарија не ги презеде неопходните мерки за да обезбеди ефикасен пристап до процедурата за азил“,
пишува во соопштението.
Унгарија, пишува понатаму, не ги појасни ниту условите во врска со правото на останување на територијата во случај на жалба во постапка за азил.
Барањето за казна од ЕК следува откако судот на ЕУ во декември пресуди дека Унгарија не го почитувала правото на ЕУ со тоа што им забранувала на луѓето да влезат во земјата без дозвола да аплицираат за азил и незаконски ги задржувала во „транзитни зоните“ на нејзината граница со Србија.