Украинското Министерство за енергетика претходно соопшти дека утрово го прекина транспортот на руски гас низ земјата
Европската комисија ја отфрли можноста за значителни последици од денешниот прекин на транзитот на руски гас преку Украина, наведувајќи дека тоа се очекувало и дека Европската Унија е подготвена.
Европската инфраструктура за пренос на гас е доволно флексибилна за да обезбеди гас од неруско потекло за Централна и Источна Европа преку други рути, информирал претставник на ЕК, пренесе БТА.
Од 2022 година ја зајакнавме нашата мрежа со значителни нови можности за увоз на течен природен гас, додал тој.
Украинското Министерство за енергетика претходно соопшти дека утрово го прекина транспортот на руски гас низ земјата.
„Во 7:00 часот, во интерес на националната безбедност, беше прекинат транспортот на руски природен гас преку територијата на Украина“,
соопшти украинското Министерство.
Во соопштението се додава дека Украина за ова ги известила меѓународните партнери согласно утврдената процедура.
