Рестриктивните мерки воведени за спречување на пандемијата од новиот коронавирус би можеле да поттикнат радикализација, предупредува Европол, укажувајќи на зголемување на насилството од екстремната десница и екстремната левица во изминатата една година.
Економските и општествените последици би можеле да поттикнат радикализација од поединци, независно на нивните идеолошки верувања, истакнува извршната директорка на европската полициска агенција, Катрин де Бол во извештајот „Ситуации и тенденции на тероризмот“.
„Активисти на екстремната левица, како и на екстремната десница, и оние кои се вмешани во џихадистички тероризам, се обидуваат да ја искористат можноста, која ја создаде пандемијата“,
истакна Де Бол.
Таа смета дека екстремно десничарските мрежи, дури и ако не вршат насилни дела, создаваат штетна атмосфера базирана на ксенофобија, омраза кон Евреите и муслиманите и антимигрантските чувства, нешто што според де Бол се случува изминативе месеци.