Франција, Грција, Шпанија, Велика Британија, Унгарија, Словенија ги зајакнуваат мерките поради нагло зголемување на бројот на заразени
Мерките предвидуваат забрана за движење во одредени области, затворање на училишта, задолжителни маски…
Во Европа, која повторно е зафатена од бран на ширење на коронавирусот, ситуацијата е најсериозна во Франција, каде е постигнат дневен рекорд до од 13 500 заразени. Поради влошување на епидемиолошката состојба, сега европските земји се одлучуваат за воведување рестриктивни мерки во поедини градови и области кои се најзафатени со вирусот, отколку целата земја да ја стават во карантин.
Атина и Мадрид најавуваат воведување на рестриктивни мерки додека поголемите градови во Франција воведуваат режим на посебни мерки, а најавени се и посебни мерки за одредени области во Англија.

Во Јужна Америка ситуацијата е многу сериозна, каде стапката на морталитет и натаму е висока. Бразил и Мексико бележат најголем број смртни слуачи после САД. И Аргентина влегува во опасната зона на ширење на вирусот.
Се затвораат делови од Мадрид
Регионалната влада во Мадрид објави нови рестриктивни мерки чија цел е спречување на порастот на бројот на заболени од коронавирус во оваа област. Како што пренесува весникот Паис, наредбата стапува на сила в понеделник, а таа предвидува ограничување на движењето во 37 основни здравствени подрачја, од кои 26 се наоѓаат во шест окрузи на Мадрид, додека останатите се во други општини во регионот на Мадрид.
Ќе биде ограничен и пристапот до парковите и јавните места, а собирите ќе бидат на максимум 6 лица, но нема да има забрана за одење на работа.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис изјави дека властите се подготвени, во Атина и во околните подрачја, да воведат нови рестрикции поради порастот на бројот на заразени со коронавирус.
Здравствение власти предложиле воведување дополнителни ограничувања на јавни собири, забрана за одржување на културни манифестации во наредните две недели и други мерки.
Овие мерки, исто така, би можеле да стапат на сила в понеделник.
Од вторник нови мерки против ковид се воведуваат и во одредени делови на Англија.

Британските власти соопштијa дека во централните и во северните делови на Англија од вторник ќе стапат на сила дополнителни рестрикции за да се намали бројот на заразени. Ќе биде забранет контакт меѓу различни семејства додека работнотo време на угостителските објекти кои работат до доцна ќе биде ограничено. Во северниот дел на Аnглија ќе биде дозволeно користење на јавен превоз само ако е неопходно.
Свадба стави во карантин цела област
И на Сицилиија во општината Корлеоне во близина на Палермо од 1 октомври се затвораат училиштата, а баровите и рестораните може да работат до 11 часот. Ваква одлука е донесена откако се регистрирани 8 нови заразени. Меѓу ние е и болничарка која работела на гинекологија, и која е во болница со акутни симптоми на ковид.
Острите мерки се резултат и на тоа што е утврдено дека сите заразени на 12 септември биле на свадба на која имало 250 гости. Се прават обиди да се идентификуваат и да се тестираат сите присутни. Во Корлеоне живеат 12 000 жители.

Во Словенија од денеска е задолжително носење маска и на отворено, онаму каде што не може да се држи растојание од најмалку два метри.
Владата оваа одлука ќе ја ревидира на секои две недели. Во затворен простор маските се задолжителни уште од пролетта.
Во училипштата досега беа задолжителни маски само во заедничките зони, а сега учениците од повисоките одделенија ќе мора да носат маски за цело време додека се во училиште, ако не е возможно растојание.

Главната здравствена инспекторка на Унгарија соопшти дека поради влошување на епидемиолошката состојба во земјата, од понеделник, 21 септември, ќе мора да се носат заштитни маски во сите здравствени и социјални установи, објектите на јавните служби, поштите, трговските центри, кината и театрите. Маските претходно беа задолжителни во јавниот превоз и во продавниците.
Притоа се посочува дека може да се носат само медицински маски, а не шалови или марами. Казните за непочитување се до 140 евра. Исто така, на сила останува забраната за собири над 500 лица на културно-забавни манифестации, додека кафе баровите ќе работат само до 23 часот.
Од 1 октомври задолжително ќе се мери температура на сите кои престојуваат или работат во градинки, основни и средни школи.

Надвор од Европа, Бразил и натаму останува една од најзагрозените земји со над 4,5 милиони зарзени. Во последните 4 часа од последици на коронавирус во оваа земја починале 858 лица, со што вкупниот број на починати достигна 135 793. Во последниот пресек, регистрирани се нови 39 797 случаи на ковид-19.