Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 95 милиони, а од последици од заразата досега починаа над два милиона луѓе
Полицијата патролира по улиците на Франција за да го следи почитувањето на полицискиот час кој е во сила од 18 часот навечер до 6 часот наутро. Мерката, според владината одлука, ќе трае 15 дена и ја замени претходната според која полицискиот час беше од 20 часот.
Движењето надвор е дозволено само за да се оди до работа или од него, или од здравствени причини или друга неопходност, но продавниците се затвораат во 18 часот, вклучително и маркетите за храна.
Во Шпанија, Владата е убедена дека нема да биде потребен ваков карантин и се залага за забрзување на процесот на вакцинација за да се вакцинира што поголем број од населенито до почетокот на летото, сооппти министерот за здравство, Салвадор Ила, иако неколку автономни региони побараа од централната Влада построги рестрикции.
Владата сепак, го поддржа планот на министерот за здравство и покрај најавеното доцнење во дистрибуцијата на вакцините на „Фајзер/Бионтек“.
„За време на третиот бран, вонредната состојба (законска рамка за воведување ограничувања) функционира и ние ќе продолжиме со овие мрки за надминување на кризата и, доколку е потребно, ќе преземеме дополнителни мерки. Во моментов не разгледуваме можност за карантин. Сакам ова да биде јасно. Го надминавме вториот бран без карантин“,
изјави Ила.
Во Австрија, околу 6 000 луѓе се собраа во Виена на протест против владините мерки против коронавирусот. Причините се движат од економски мотиви до теории на заговор.
Владата најави дека размислува за продолжување на мерките на ограничување до 24 јануари.
И во Амстердам илјадници луѓе протестираа против холандската Влада со технички мандат и строгите епидемиолошки мерки што се во сила поради коронавирусот, поради што полицијата употребила солзавец за да ги растера.
„Поради опасност по јавното здравје, многу е важно сите да ги почитуваат мерките што се на сила, а собраните на протестот не го прават тоа“,
објави локалната власт на Твитер.
Во текот на попладневните часови, плоштадот беше испразнет, но некои демонстранти останаа на околните улици. Протестот беше забранет на почетокот на неделата, но тој сепак се одржа, во исто време кога Кризниот штаб се состанува во Хаг за да разговара за мерките за спречување на ширење на коронавирусот, вклучително и можноста за полициски час за прв пат од почетокот на пандемијата.
Владата поднесе оставка во петокот по скандалот со субвенциите за згрижување деца, но таа ќе биде со технички мандат до изборите на 17 март.
Над 95 милиони заразени со коронавирус досега
Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 95 милиони, а од последици од заразата досега починаа 2 034 623 луѓе, додека близу 68 милиони ја победиле болеста ковид-19.
Според податоците на вебсајтот „Ворлдометер“ (worldometers.info) од почетокот на пандемијата до денеска, со коронавирус во светот до денеска се инфицирани се 95 168 543 луѓе, додека 67 937 306 лица успешно се справиле со болеста.
Најпогодени од пандемијата се САД, каде се регистрани над 24,3 милиони пациенти и повеќе од 405 000 смртни случаи.
По бројот на смртни случаи на второ место е Бразил, каде од последици од ковид-19 починале 209 350 луѓе, а вкупно заразени се над 8,4 милиони лица. Потоа следи Индија со над 10,5 милиони инфицирани луѓе и над 152 000 смртни случаи.