Според него, на состаснокот со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија, е реафирмирана посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошното усогласување со стандардите на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел оствари средба со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.

Како што објави тој на неговиот фејсбук-профил, денешната посета во Брисел му е со динамична агенда, во која евроинтеграциите остануваат во фокусот.
На состаноците, според него, е нагласен напредокот во реформската агенда, постојаната координација и активниот пристап на сите институции во оваа насока.
„Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошното усогласување со стандардите на ЕУ“,
вели Муцински.
Министерот вели и дека направил пресен на тековните активности што Владата ги презема за забрзување на интегративниот процес.
„Ја нагласив неопходноста од јасен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес како заеднички интерес и за земјите кандидати и за земјите членки“,
пишува министерот на Фејсбук.
Муцунски денеска и утре престојува во работна посета на Брисел, при што се очекува да оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату.
