„Со ова станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт“, напиша Муцунски на својот фејсбук-профил
Првата група македонски државјани што побараа евакуација од територијата на Израел вчеравечер пристигнаа на скопскиот аеродром. Оваа информација ја потврди и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

„Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт“,
напиша Муцунски на неговиот фејсбук-профил.
Пред два дена на прес-конференција извести дека 28 македонски државјани се пријавиле за евакуација од Израел.
Тогаш посочи и дека очекувањата се првично осум лица да бидат префрлени на безбедна територија.
Како што посочи тој, евакуацијата се изврши со владин авион.
Втората група, според него, се очекува да го напушти Израел и да замине кон нашата држава веднаш по воспоставување редовен авионски сообраќај од Тел Авив.